дома Македонија Heкој се мajтапи со нас: Ахмети пред да се потпише Рамковниот бил...

Heкој се мajтапи со нас: Ахмети пред да се потпише Рамковниот бил дел на студентска организација

Али Ахмети во својот говор се осврна и на времето пред да се потпише Охридскиот рамковен договор.

Беше една прилика посебна прилика се изненади не само државата туку и меѓународната заедница што се случува едно утро во Република Македонија. Нормално јас припаѓав на студентската организација и движење, нема студентско движење на земјината топка кое сака воени дејствија. Секаде студентските движења се мировни, прогресивни, за демократија, за автентична и вистинска демократија, за консенсуз и дијалог, и јас припаѓав и бев еден од организаторите на ова студентско движење кое ги водеше овие развои во 81-82 година. Нашите тогашни барања се задушија со железо, со крв. Се затворија стотици студенти, илјадници студенти. Тоа време ние поставивме барање да се школуваме во нашата држава во Скопје да се отвори универзитет на албански јазик, рече Ахмети.