дома Македонија Heма да има нови мерки

Heма да има нови мерки

Комисијата за заразни болести нема да предложи нови рестриктивни мерки до Владата, за спречување на ширењето на корона вирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче и утрово објави дека актуелните мерки остануваат на сила.

Влезот во угостителските објекти и трговските центри останува забранет за оние кои немаат примено барем една доза на вакцина како и за сите кои го прележале вирусот пред повеќе од 45 дена.

Од 1 септември почнува да важи и забраната за влез во Македонија за невакцинирани патници без разлика од каде доаѓаат. Македонските државјани кои ќе сакаат да влезат во Македонија по 1 септември, а не се вакцинирани ќе треба да направат ПЦР тест или пак ќе бидат пратени во задолжителна изолација.