дома КОВИД-19 (Коронавирус) Heма зaeбанциja со Русите: Регистрираа уште една вakцина за Koвид 19

Heма зaeбанциja со Русите: Регистрираа уште една вakцина за Koвид 19

Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот на центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на министерството.

„Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината ’Гам-КОВИД-Вак-Лио’, развиена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија ’Гамалеј’ на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инекција“, се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на државниот медицински универзитет „Сеченов“ во Москва.

Навални, критичар на рускиот претседател Владимир Путин, се онесвести во авион минатата недела, откако пиеше чај на пат за Сибир. Лекарите во сибирската болница кои први го лекуваа Навални изјавија дека му го спасиле животот, но дека не нашле траги на отров во неговото тело.Тие изјавија дека не биле под притисок од надлежните додека го лекувале.

Тој беше однесен во Германија на лекување во саботата, а тестирањата покажаа дека тој веројатно е отруен, објави клиниката во Берлин, каде беше префрлен на лекување.