April 20, 2024, 12:38 pm

Heма ниту еден историски дokaз за постоење македонски народ: Бугарскиот преговарач ги cpyши сите надежи дека во ЕУ ќе влеземе како Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тешко дека постои држава која повеќе од Бугарија сака Македонија да стане членка на Европската Унија, но секогаш постои едно „но“, бидејќи членството зависи од подготвеноста на една земја кандидат за тоа, вели копретседавачот на бугарско-македонската Заедничка комисија за историски и образовни прашања, Ангел Димитров.

– Би сакал да кажам дека Република Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите, но не гледам основа за тоа – изјави Димитров за Бугарската национална телевизија.

Димитров смета дека историјата има влијание во сите сфери, дава аргументи и им помага на политичарите да ги сфатат корените на современите проблеми, но таа не е онаа што ги одредуваат односите.

– Целата одговорност е на политичарите. Политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи – нагласи Димитров.

Според него, бугарската позиција кон земјава е „совршено јасна“, но прашање е колку таа е добро претставена и дали некој сака да ја сфати.

Во пресрет на следниот состанок на Комисијата, предвиден за в четврток, Димитров истакнува дека на него ќе се разговара за она „за што се зборува веќе пет состаноци по ред“.

– Заглавивме во 10-11 век – крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самоил и неговите наследници. Не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев – вели Димитров.

Запрашан за иднината на Комисијата, Димитров вели дека колку и да изгледа дека нејзината работа не дава резултати, таа сепак го привлекува вниманието на јавноста во двете земји, бидејќи прашањата за кои расправа ги засега луѓето.

– Комисијата е показател за состојбата на билатералната комуникација – смета Димитров.

Тој во гостувањето на БНТ наведува и дека македонските историчари не се подготвени да работат „според принципите карактеристични за секоја наука – упатувањето и почитувањето на фактите и изворите“.

– За нив ова е лизгав терен, бидејќи нема ниту еден историски доказ во кој се зборува за постоење на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар, врз основа на што би се започнала една сериозна дискусија – додава Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This