дома Свет Heмa дa ви ce вepyвa: Eвe штo гo пpeдизвикaл гoлeмиoт пoжap вo...

Heмa дa ви ce вepyвa: Eвe штo гo пpeдизвикaл гoлeмиoт пoжap вo eлeктpoцeнтpaлaта вo Иран

Големиот пожар во саботата вечерта во електроцентрала во јужен Иран го предизвикала мачка, јавуваат локалните медиуми.

Во текот на саботата вечерта, мачката влегла во електраната на островот Карг во просторијата со разводна табла.

Тоа предизвикало краток спој и палење на каблите, што брзо се претвори во голем пожар, според извештаите од локални извори.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но морале да ја исклучат централата неколку часа за време на која дури 10.000 жители на островот биле без електрична енергија.