March 29, 2024, 10:39 am

Heмa пpaвдa, нeмa миp: Aкo имa бyгapcкo дpжaвjaнcтвo тeшko ќe oди ekcтpaдициjaтa на Игор Спасов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бегалецот Игор Спасов, поранешен полициски специјалец и осуденза убиството на Мартин Нешковски, по две години бегство од Македонија, е уапсен по пријава за семејно насилство во главниот град на Бугарија, Софија. За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол.

Бугарското МВР потврди дека Спасов е приведен во понеделникот, но не соопшти каква ќе биде постапката понатаму. Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Засега е нејасно дали Спасов има бугарско државјанство. Ако се испостави дека има, тоа може сериозно да ја искомпликува постапката за негова екстрадиција во Македонија.

Додека Спасов беше во бегство цели две години, никој во Македонија не презеде одговорност, ниту, пак, беше посочен како виновник кој направил пропуст за да се случи бегството пред две години. Обвинителството, по допрен глас, во ноември 2019 година отвори предистражна постапка за овој предмет. Оттогаш до денес се испитува дали специјалецот користел лажна документација за болест за да го избегне одењето во затвор и на крајот на побегне.

До ден-денес не се соопштени имињата на одговорниот обвинител и судија кои дозволиле Спасов да остане толку долго на слобода. Со медицинската документација која ја поднесувал речиси две години, со здравствени причини го оправдувал своето отсуство за да не се врати во затворската ќелија се додека не избега. На 30 октомври 2019 година, МВР распиша потерница по Спасов и таа сѐ уште е активна.

Поранешниот припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски. Тој досега има отслужено шест години затвор.

Извор: Skopjeinfo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This