Heнopмaлнa paбoтa..: Зa дa гo пpoвepи дeчкoтo дaли ja caкa, лaжиpaлa киднaпиpaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една млада Германка решила да го исценира сопственото киднапирање за да види во колкава мера нејзиното момче ќе се ангажира во спасувачката акција, па наместо да открие колку тој ја сака си навлекла проблеми со полицијата.  

Како што соопштила полицијата во германскиот град Бауцен „непознати лица“ ја одвлекле младата жена во автомобил на бензинска станица, а потоа избегале со полна брзина. Нејзиното 22-годишно момче веднаш полетало по автомобилот, кој на крајот бил запрен од полицијата.

– Она што го чуле полицајците дефинитивно не била секојдневна приказна, рекла полицијата.

Се покажало дека киднапирањето го организирала девојката која сакала дечкото да и ја докаже својата љубов, така што ќе тргне по лажните киднапери. Сите лица вклучени во „киднапирањетп“ сега се соочени со обвинувања за кршење на рестриктивните мерки донесени заради корона вирусот како и за злоупотреба на итните служби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This