дома Свет Heнopмaлнa paбoтa: Boopyжeн нaпaѓaч вo САД y6и шecт лицa нa poдeндeнcкa зaбaвa...

Heнopмaлнa paбoтa: Boopyжeн нaпaѓaч вo САД y6и шecт лицa нa poдeндeнcкa зaбaвa пa ce caмoy6и

Вооружен маж упаднал на роденденска забава во американски Колорадоти Спрингс и отворил оган при што убил шест луѓе меѓу кои и својата девојка пред да изврши самоубиство, објави во неделата локалната полиција.

Инцидентот се случил ноќта неделата, малку по полноќ по локално време на паркинг за камп-возила во текот на роденденска прослава, на којашто присуствувале членови на семејството, пријатели и деца. Во пукањето убиени се славеникот и негвоата девојка.

Локалните власти соопштија дека убиецот ги поштедил децата коишто се наоѓале во едно камп-возило. Мотивите на напаѓачот засега не се познати.

„Како шеф на полицијата, како сопруг, како татко, како дедо, како член на оваа заедница, срцето ми се парчосува поради ваквите семејства коишто ги загубија оние коишто ги сакаат и децата кои ги губат своите родители“, изјави началникот на локалната полиција Винс Ниски.

Полицајците пристигнале на повик за пукање во трејлер на паркинг за ткн подвижни домови во источниот дел на Колорадо Спринг, и притоа пронашле шест мртви возрасни лица и еден тешко повреден маж кој подоцна починал во болница, пишува весникот Colorado Springs Gazette reported.

„Овој страшен чин доведе до смрт на шест возрасни лица. Децата во трејлерот не настрадаел од дејствијата на осомниечниот и во моментов се наоѓаат кај роднини“, прецираше полицијата на Колорадо Спрингс која не го објави веднаш идентитот на жртвите и осомничениот додека не ги извести ронините на настраданите.