дома Хроника He им дoaѓa пaмeт: 3aтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo гостиварско, пpивeдeн coпcтвeникoт

He им дoaѓa пaмeт: 3aтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo гостиварско, пpивeдeн coпcтвeникoт

На 05.04.2021 во периодот од 20.30 до 21:30, полициски службеници од Полициското одделение Галате – СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект во Врапчишко поле во близина на автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Р.Б. (46) од Гостивар.

При контролата било констатирано дека во објектот има музика во живо, танчерки, како и 11 гости. Во објектот биле затекнати пет женски лица (четири македонски државјанки и една бугарска државјанка) кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач.

Сопственикот на објектот Р.Б. бил лишен од слобода по член 206 од Кривичниот законик, додека бугарската државјанка била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој.  

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање и расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.