дома Македонија „He знaeме дали е жив или мpтoв“: Со денови poднините и пријателите...

„He знaeме дали е жив или мpтoв“: Со денови poднините и пријателите не можат ja оcoзнaaт cocтојбата на пaциeнтите кои лежат на Инфekтивна

Со денови роднини на пациенти вртат на телефонските броеви на Инфективната клиника во Скопје, обидувајќи се да дознаат како се нивните најблиски заболени од коронавирусот. Напливот на пациенти, очигледната неможност на здравствените власти да се справат со есенскиот бран на коронавирусот, но и недоволниот број здравствени работници, си го направи своето – пациентите и нивните семејства страдаат, секој на свој начин. Дел тврдат дека и покрај симптомите не се примаат во болниците затоа што нема место, а дел, пак, велат дека со денови не знаат какво е здравјето на нивните најблиски, бидејќи никој не одговара на телефонските повици.

„Ни дадоа телефонски број за да се јавуваме и да прашуваме како е мојот тетин, кој веќе 11 дена лежи на Инфективната клиника. До пред три дена бевме во контакт, ни пишуваше, бараше да му носиме вода. Пред три дена престана да ни пишува и тоа сериозно не загрижи, па почнавме да вртиме на телефонскиот број што ни го оставија. Вртевме можеби по 50-60 пати дневно, но не се јавуваше никој. Свесни сме дека таму е сега хаос, но ние како семејство имаме целосно право да бидеме запознаени со здравјето на нашиот најблизок, кој патем страда од дијабет и има вградени стентови“, сведочи скопјанката Марија А., за „А1он“.

Извор: А1 OH