дома Хроника He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo cкoпcкo – ce зaбaвyвaлe...

He им дoaѓa пaмeт: Зaтвopeн yгocтитeлcки oбjeкт вo cкoпcкo – ce зaбaвyвaлe 15 гocти сo мyзичap и пejaчкa

На 26.05.2021 во 21:50 часот, по претходна пријава, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба во координација со Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Јурумлери, скопско, сопственост на А.Ш.(39) од с.Јурумлери.

При контролата било констатирано дека внатре во објектот има 15 гости, музичар и пејачка (музика во живо), со што било постапено спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Објектот бил затворен од овластени лица од Државниот пазарен инспекторат, а лицата биле лишени од слобода и спроведени во полициска станица за понатамошна постапка.