дома Македонија HEBИДЕН CKAHДАЛ: Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување...

HEBИДЕН CKAHДАЛ: Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување на факултет

Македонците ги нема во графата за изјаснување на национална припадност при упис на факултет.

До редакцијата на „Економски Лидер“ пристигна документ од Изјава за национална припадност, а на него може да се види дека Македонците воопшто не постојат како опција.

Во графата за национална припадност, од Изјавата за запишување на еден од факултетите на универзитетот „Кирил и Методиј“, застапени се сите етнички заедници освен Македонците.

Оваа Изјава е ckaндалозна бидејќи во неа не пишува дека се однесува само за етничките заедници кои се малцинство во Македонија, туку јасно стои дека идниот студент треба да се изјасни за својата национална припадност.