дома Свет Hecрeќa вo Егejcкoтo Мope: Тoвapeн бpoд пoтoнa вo близина на Атина oткaкo...

Hecрeќa вo Егejcкoтo Мope: Тoвapeн бpoд пoтoнa вo близина на Атина oткaкo удpил вo кapпи…

Товарен брод што пловел под знамето на Того потонал денеска откако удрил во карпи на остров во Егејското Море, а грчката крајбрежна стража објави дека сите 16 членови на екипажот се спасени, пренесува Ројтерс.

Товарниот брод Сибирд, кој пловел од Украина и бил на пат за Тунис, испратил СОС сигнал откако ги погодил карпестите острови на југозападот од Егејското Море, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Засега не е јасно како точно се случила несреќата, но три бродови за контрола на загадувањето наскоро пристигнале на местото на потонувањето за да проверат дали има протекување од потонатиот товар.