дома Македонија Hema предвремени избори: Реџепи очекува ова мнозинство да трае до 2024

Hema предвремени избори: Реџепи очекува ова мнозинство да трае до 2024

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи Зејди вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека очекува мнозинството во Влада да трае до 2024 година.

„Ако оди се како што треба, ако успееме да добиеме датум, тогаш ќе се фокусираме на крупни реформи, во борба против корупцијата, проекти во економијата, владеење на правото, и во тој случај не гледам причина зошто би требало да има предвремени избори и ова мнозинство ќе го истера цел мандат, до 2024“, истакна Реџепи.