дома Актуелно HEMOJTE ДА МУ БИДЕТЕ BEPHИ ВО ПOPAЗОТ НА ЗАЕВ: Кога ќе пaднe,...

HEMOJTE ДА МУ БИДЕТЕ BEPHИ ВО ПOPAЗОТ НА ЗАЕВ: Кога ќе пaднe, нитy тој нeмa да ви биде верен кога ќе мopaте да oдгoвapaте пред зakoните

Сите оние кои мислат дека Заев утре ќе ги спаси за криминалите кои ги правеле за вождот на сегашната власт, нека ја имаат на ум сликата со ќулавката бидејќи така изгледа кога Заев пушта низ вода за да се спаси себе си, предупреди во неговото отворено писмо Генералниот секретар на ВМР0-ДПМНЕ Игор Јанушев.

И немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите, им порача Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ ги предупреди пајташите на премиерот во заминување да не прават дополнителни штети со хаосот кој го донесоа.

Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви е заборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме, порача Јанушев.

Целото писмо на Јанушев: