дома Актуелно Heoфицијално 1295 новозapaзени: Главниот град како Бepгамо – зapaзата xapa во Скопје

Heoфицијално 1295 новозapaзени: Главниот град како Бepгамо – зapaзата xapa во Скопје

Веќе трет ден по ред бројката на новозаразени во Република Македонија е четирицифрена, заразата очигледно е излезена од контролата на здравствените власти, а мерките на Владата за контрола на заразата не вродуваат со плод.

Во изминатите 24 часа неофицијално се регистрирани 1295 новозаразени, а загрижува и бројката на новозаразени во главниот град каде се регистрирани 538 нови случаи на коронавирус.

Македонија се чини дека е со поблиску до италијанско сценарио на епидемијата, а состојбата во главниот град заликува се повеќе на Бергамо, град во Италија кој најмногу беше погоден од епидемијата на Ковид 19.

Болничките капацитети се речиси преполни, граѓаните мака мачат да ја добијат потребната нега од здравствениот систем, се бара кревет повеќе, нема термин за тестирање, а поголемиот број заразени пациенти воопшто не се прегледани од лекар.