February 7, 2023, 9:45 pm

Hoв нeпoзнaт виpyc ce шиpи во Јапонија – пpeдизвикyвa пaд нa имyнoлoшкиот cиcтeм?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознат вирус, кој може да се пренесе на луѓето, е откриен во Јапонија. Научниците го нарекоа вирусот Езо, а се поврзува со патогени кои предизвикуваат хеморагична треска Крим-Конго и овча болест Најроби, пренесуваат светските медиуми.

Првиот случај на новиот вирус е регистриран во Јапонија во 2019 година. 41-годишен маж потоа бил хоспитализиран со треска и болки во нозете, откако бил каснат од крлеж додека шетал низ шума на островот Хокаидо.

Мажот, кој бил пуштен дома по две недели, бил тестиран негативен за сите познати болести пренесени од крлежи.

Научниците од Универзитетот во Хокаидо и вирусологот д-р Кеита Макуно за Меѓународниот институт за контрола на зооноза, постојано ги анализирале примероците од крв на пациентот и откриле нов вирус.

Тимот научници го објавија своето истражување кон крајот на септември во списанието „Nature Communications“, а новиот вирус е сличен на наировирусите, од кои четири можат да заразат луѓе.

Еден од наировирусите предизвикува хеморагична треска на Крим-Конго, која се манифестира во болки во мускулите, дијареа и модринки, и може да доведе до откажување и смрт на црниот дроб. Новиот вирус најмногу наликува на вирусите Сулина и Тамди, откриени во Романија и Узбекистан. Наводно, вирусот Тамди е регистриран во Кина во последниве години кај пациенти кои имале акутна треска.

Новиот вирус Језо може да предизвика висока телесна температура, и да доведе до пад на тромбоцити и леукоцити, кои го штитат телото од бактерии и вируси.

Научниците анализирале примероци од крв од други пациенти кои покажале слични симптоми од 2014 година како мажот кој бил хоспитализиран.

– Најмалку седум лица се заразиле со новиот вирус во Јапонија од 2014 година, но досега не се пријавени смртни случаи, рече Макуно.

Научниците, барајќи го изворот на вирусот, открија дека вирусот РНК Језо е присутен во три вида крлежи што постојат на островот. Антитела на вирусот се пронајдени кај елени и ракуни кои ја населуваат областа. Научниците веруваат дека сега е исклучително важно да се испита областа надвор од Хокаидо.

– Сите случаи на вирусот Језо за кои знаеме дека поминале без фатален исход, но многу е веројатно дека болеста постои и надвор од Хокаидо, затоа што прво мора да видиме дали и каде се шири – велат научниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This