дома Свет Hoвa kpвaвa пpecтpeлкa вo САД: Пет лица, мeѓy кoи и eдeн пoлицaeц...

Hoвa kpвaвa пpecтpeлкa вo САД: Пет лица, мeѓy кoи и eдeн пoлицaeц ce y6иeни вo Kaлифорнија

Еден полицаец и уште четири луѓе се убиени во престрелка во куќа во долината Сан Хоакин во Калифорнија, потврдија денеска американските власти.

Меѓу убиените има и осомничен напаѓач и три лица од куќата кои очигледно биле жртви на вооружен напад, објави полицијата, пренесува АП.

Властите исто така потврдија дека неколку други полицајци биле повредени за време на насилството во неделата попладне во Васко, мало рурално подрачје северозападно од Бејкерсфилд.

Според првите извештаи, полицајците кои интервенирале поради дојавата за пукањето во куќата биле мета на напаѓачите, но без последици, а после тоа интервенирала екипа на специјалци и еден од нив бил смртно ранет во момент кога се приближувале кон објектот.

Другите детали за овој инцидент сè уште не се познати.