March 28, 2024, 11:27 am

Hoви дeтaли зa y6иeцoт кoj зacтpeлa тpojцa пoлицajци вo Франција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мажот осомничен за убиството на тројцата полицајци во централна Франција е пронајден мртов, на Твитер соопшти министерот за внатрешни работи Жерар Дарманин.

Тројцата полицајци беа убиени, а еден нивни колега е ранет ноќеска во пукотница што се случила кога пристигнале во куќа во оддалечено село, одговарајќи на повик за семејно насилство врз жена, пренесоа полицијата и француските медиуми.

Според извештаите во медиумите, 48-годишниот маж веднаш почнал да пукал кон полицајците кога тие пристигнале во неговата куќа, по што тој си запалил домот.

Британските медиуми јавија дека жената, за која се вели дека е жртва на семејно насилство, се качила на покривот од куќата, а полицијата успеала да ја спаси.

Градоначалник на блискиот град Сент Жист, Франсоа Шотар, за локалните медиуми изјави дека специјалните единици излегле на местото на инцидентот. Тој изјави дека полицијата била повикана поради семејно насилство во село во централна Франција, околу 180 километри западно од Лион.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека убиените полицајци во инцидентот биле на возраст од 21, 37 и 45 години.

Четвртиот полицаец нема повреди опасни по животот, додаде министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This