дома Економија Hoви цeни нa гopивaтa oд yтpe

Hoви цeни нa гopивaтa oд yтpe

Регулаторната комисија за енергетика во текот на утрешниот ден ќе ги утврди новите цени на горивата, кои во изминатиот период одат нагоре, затоа што сировата нафта на светските берзи е се’ поскапа.

Инаку, сега горивата Еуросупер БС95 и Еуросупер БС98 се продаваат по цена од 68,5 односно 70,5 денари по литар. Цената на дизелот е 61.5 денари за литар.

Одлуката околу новите цени ќе биде соопштена во понеделник на 21.06.2021.