дома Македонија Hoви cлyчаи на кopoна во градинка во Ѓорче

Hoви cлyчаи на кopoна во градинка во Ѓорче

Уште три вработени во градинка во Ѓорче Петров се позитивни на ковид-19. Станува збор за две воспитувачки и една негователка во градинката „Калинка“.

Директорката на градинката, Маја Ристовска за „360 Степени“ вели дека вработените од вчера се во домашна изолација, како и 41 дете од три различни групи.

„Една негователка и две воспитувачки од вчера се во изолација како и нивните групи со деца. Постапено е по алгоритам и тие се во домашна изолација. Со појавата на вакви случаи ние веднаш го контактираме надлежниот епидемилог и постапуваме според насоките кои ги добиваме“, вели Ристовска за „360 Степени“.

Извор: 360