дома КОВИД-19 (Коронавирус) Hoвo иcтpaжyвaњe: Дeлтa cojoт нocи пoгoлeм pизик oд хocпитaлизaциja

Hoвo иcтpaжyвaњe: Дeлтa cojoт нocи пoгoлeм pизик oд хocпитaлизaциja

Team of experienced biologists working on microscopes in laboratory

Ризикот од хоспитализација поради инфекција со делта варијанта на ковид-19 е двојно поголем отколку во случај на инфекција со првичната алфа варијанта, покажа најновото истражување објавено во престижното научно списание „Lancet Infectious Diseases“.

Истражувачите откриле дека ризикот од хоспитализација е во просек 2,26 пати поголем ако заразата е со делта варијантата на вирусот.

Научниците од Универзитетот во Кембриџ и Агенцијата за јавно здравје на Англија анализираа повеќе од 40.000 случаи на ковид-19 во Англија од крајот на март до крајот на мај 2021 година.

Резултатите објавени денеска главно се однесуваат на невакцинираните, а за целосно вакцинирани, не може да се извлечат заклучоци од анализираните податоци.

Досега, студиите генерално покажаа дека делтата е повеќе заразна, но нема сигурни податоци за ризикот од тешка форма на болеста од ковид-19.

Од 40.000 случаи во студијата, само 1,8 проценти биле целосно вакцинирани, што истражувачите го толкуваат како потврда за високата ефикасност на вакцината.