HOBA OПACHOCT:Делта cojoт на kopoната експресно се шири во светот, Haj3aгрозени се Русија, Англија, Португалија….

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата верзија на Ковид 19 зазема сила се повеќе во поединечни европски земји, па таму се враќаат некои ограничувања.

Пандемијата на коронавирусот попушта во поединечни делови на светот, но во друг дел забрзано се шири и доведува до ново затворање. Посебно загрижувачки е ширењето на делта сојот, варијантата на короната од Индија, која полека станува доминантна, пишува Курир.рс. Во Москва за 24 часа починале 144 лица, што е најголем број на починати од почетокот на пандемијата, додека околу 2000 лица дневно завршуваат во болница. Состојбата не е ништо подобра ниту во Санкт Петерзбург, каде за 24 часа починале 107 луѓе.

Тоа е причината што од вчера во рестораните и кафиќите во Москва може да влезат само вакцинираните или оние кои прележале, како и оние со негативен ПСР тест не постар од три дена.

Со уредбата на градоначлникот на Москва, граѓаните својот статус ќе го докажуваат со QR koд, додека хартиени потврди нема да важат

Според Европскито центар за контрола на болести се наведува дека со моменталното темпо на ширење на делта сојот на короната до август може да бидат 90% од заболените со овој вид на корона вирус.

Во континенталниот дел на Европа делта сојот моментално зафаќа 15 %, но се шири. Состојбата е драматична и во Португалија. Дури 70% од случаите во лисабон есе заразени со делта сојот на корона вирусот, кој драматично се шири во целата земја. Се сомневаат дека причината е доаѓањето на британските туристи, па затоа повторно е воведено прАВИЛОТО доколку не сте вакцинирани, мора да бидете во карантин 14 дена.

Германија ќе им забрани на британските патници да влегуваат во Европска Унија, без оглед дали се вакцинирани или не., објави британскиот весник Тајмс. канцеларката меркел сака Англија да ја означи како земја со висок ризик.

Делта сојот на короната е 20 % од случаите на заразени со корона и во Франција, изјави денес францускиот министер за здравство Оливие Веран з арадио Франс инфо.

Сосотојбата е проблематична и надвор од Европа. Така делта сојот се шири во Австралија, која сега е најопасна фаза од избивање на пандемијата, па во Сиднеј е воведен карантин.

Индискиот сој или делта сојот се шири и во Хрватска, според епидемиологот од ХЈЗ Ива Пем Новосел, најмногу е детектиран во Шибеничкиот-книнска жупанија-19, шест во Меѓуморската и еден случај во Загреб.

Превземено од
Kurir.rs

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This