Hoв ckaндaл со вakцинитe: Данска цeлocно ја забpaни вakцината на АстраЗенека – Кај нас се очекува првите дoзи да стигнат во март

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствените власти на земјата објавуваат дека кај одреден број пациенти се појавило згрутчување на крвта по добивање на вакцината. Без да наведат кои, данските власти објавија дека уште шест членки на ЕУ го прекинале користењето на Астразенека вакцината.

Се работи за привремена забрана, а во соопштението се наведува дека имало „сериозни случаи на згрутчување на крвта кај вакцинираните.“

Како што пренесува Дојче веле, данските власти „застанале на чекор“ од прогласување дека има директен линк меѓу вакцината и згрутчувањето на крв.

„Не е утврдено, во овој момент, дека има директна врска меѓу вакцината и случаите на згрутчување,“ се наведува во соопштението на данските здравствени власти.

Данската агенција за лекови објави дека започнала испитување на вакцината, а посебно испитување ќе започне и Европската агенција за лекови.

Вакцината од Оксфорд е една од неколкуте што беше одобрена оа Европската агенција за лекови за користење на територијата на ЕУ.

Претходно неколку држави решија Астразенека да не ја користат за вакцинирање на лица постари од 65 години, бидејќи не беше познато дали и колку вакцината е успешна кај оваа старосна група. Неодамна беше објавено дека во Германија голем дел од залихата од Астразенека вакцини стои неискористена бидејќи се верува дека е помалку ефикасна против новите мутации, па пациентите одбиваат да ја примаат.

Македонија ќе добие до 175.200 дози вакцини на „АстраЗенека“ во март. Веста ја сооошти Министерството за здравство по допис добиен од Ковакс системот за првата испорака на вакцината против Ковид-19 во земјата. Станува збор за вакцината која се произведува од фармацевтската компанија „АстраЗенека“ во соработка со Универзитетот во Оксфорд.

„Од Ковакс информираат дека за Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината“, информираат од Министерството за здравство. Тоа значи дека од вакцината АстраЗенека во првите три месеци од годинава би можеле да се очекуваат минимум 36.120 дози за спроведување на вакцинирањето на населението.

Инфомакс уште во февруари го контактираше министерството за здравство откако министерот за здравство Венко Филипче посочи дека се очекува во март да пристигнат вакцините на АстраЗенека.

Вакцината на Астразенека според пишувањата на Дојче Веле во Германија не се препорачува за лица постари од 65 години, додека Белгија, оди чекор по далеку и истата е забранета да се користи кај лица постари од 55 години.

-Ставот на неколку национални агенции во однос на апликацијата на вакцините на Астра зенека на население не постаро од 64 години сеуште не е влезено во официјалното упатство, сепак во престојната имунизација ние ќе се водиме по насоките дадени од страна на официјалните европски агенции, одговорија од Инфомакс на Министерството за здравство.

Во Македонија во текот на вчерашниот ден започна вакцинацијата со руската вакцина Спутник V.

Европската агенција за лекови (ЕМА) го повика членките на ЕУ да не ја користат руската вакцина против ковид-19 пред таа агенција да ја испита нејзината безбедност и ефикасност, што упатува дека Владата и министерството за здравство не ги почитува директивите на Европската Агенција за лекови.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска продолжува да објавува детали во врска со набавката која Македонија се обиде да ја направи за кинеските вакцини. Весникот објавува писма од министерот за здравство Венко Филипче адресирани до кинеската компанија „Синофарм“.

Во писмото на Филипче испратено на 25 јануари до „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла Верита“, е спротивно на многу меѓународни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

До крајот на март ќе стигнат 20 000 вакцини како резултат на директниот договор со „Фајзер“ и меѓу 20-25 000 вакцини „Астра Зенека“ преку Ковакс, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This