Hoв цpн peкopд вo Словачка: Bo пocлeднитe 24 чaca пoчинaa нaд 100 лицa oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Словачка од корона вирус во последните 24 часа починаа уште 106 пациенти, што е најмногу во еден ден од почетокот на епидемијата.

Истовремено, тестирани се 10.116 лица, од кои на вирусот биле позитивни 1.788 лица, пренсе Тас.

Во болница се лекуваат 2.426 лица, од кои 199 на интензивна нега, а 209 на респиратори.

Портпаролката на словачкото министерство за здравство Зузана Елиасова изјави дека тоа е највисок број смртни случаи, но дека во него се пресметани и непријавените смртни случаи, што се случиле за време на Божиќните празници.

Како што појасни, здравствените власти регистрирале 40 смртни случаи, денеска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This