Jaвниoт oбвинитeл Јовески нoв ycтaвeн cyдиja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески, заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска  учествуваат на Меѓународна конференција „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот  интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права“, која се одржува во Санкт Петербург, Русија од 6 до 9 јули 2021 година.

На конференцијата на повеќе теми свои излагања имаа шефовите на обвинителствата од европските држави, пред кои поздравно се обратија Генералниот обвинител на Руската Федерација И.В. Краснов,  претседателот на Меѓународната асоцијација на обвинители, Чеол-Кју Хванг, генералениот директор за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа Ц. Гакумопулос, претседателот на Консултативниот совет на обвинителите од Европа А.В. Ногуера, претседателот на Европската комисија за ефикасност на правда Р. Гурбанов и потпретседател на Венецијанската комисија Бази Малаури.

Говорејќи за обвинителите како учесници во судската постапка и за заштита на човековите права и улогата на обвинителствата согласно Европскиот суд за човекови права, шефовите на обвинителствата од Европа се осврнаа на заштитата на јавниот интерес и гарантирањето на правата на поединецот во кривичната постапка, но и за улогата на јавните обвинители во заштитата на јавниот интерес и индивидуалните права надвор од кривично правната област. Во таа насока, присутните дадоа мислење за европските правни стандарди во светло на Препораката CM/Rec (2012)11 – Улога на јавните обвинители надвор од  системот на кривична правда.

На меѓународната конференција учесниците опфатија дел од областите каде обвинителите имаат значајна улога за обезбедување на усогласеност на националните законодавства со европските потреби. Стана збор за приоритетни области, како што се заштитата на животната средина, заштитата на социјалните права на граѓаните со осврт на здравствената заштита, борбата против компјутерскиот криминал, заштитата на правата на претприемачите, развојот на институтот – обезбедување бесплатна правна помош.

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески во своето излагање особено се осврна на борбата против илегалната миграција во контекс на заштитата на правата на мигрантите и борбата против заканите од тероризам.

Јовески на покана на руските медиуми даде изјава за значењето на конференцијата и јакнењето на меѓународната соработка.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ќе биде нов уставен судија. Јовески е еден од тројцата фаворити на власта, потврдува за ТВ24 висок владин функционер.

Според истиот функционер Јовески прифатил обвинителската фотелја да ја замени со фотелја во Уставен суд. Тој е вториот кандидат по Фатмир Скендер кој што ќе биде кандидиран од мнозинството во Собранието до крајот на месецот.

Јовески кој што службено е отсутен од државата, за ТВ24 порачал дека изборот за уставен судија доколку ја добие поддршката на пратениците би му бил голем предизвик.

-Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник. Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција, изјави за ТВ24 Јовески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This