Jaкимовски: Coвeтници на СДCM во Центap добиле општинckи пapи, мeѓy дpyгите и cинoт нa Фpчкocки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Читам четири советници од актуелниот Совет на Општина Центар, земале пари за лечење за свој член од фамилија од буџетот на Општина Центар. Овие одлуки се донесени од истиот оној совет во кој се и тие членови.

Оваа информација ја открива екс градоначалникот на општина Карпош и екс министер за економија и труд и социјала Стевчо Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ информира дека меѓу другите кои земале пари е и Јон Фрчковски, синот на несудениот македонски амбасадор во Вашингтон.

“Овие одлуки се 102,6 % спротивни на законот за судир на интереси. Советниците кои си донеле одлука да се доделат пари на нивните семејства имаат конфликт на интереси.

Чудно е како секретарот и правната служба на Општина Центар не го советувале градоначалникот да ги стопира овие незаконски одлуки.

На потег е Комисијата за спречување на корупција а можеби и потпреседателот на Владата задолжен за борба со корупција, Љупчо Николовски.

Наместо да брои вода и кафиња може да се позанимава со своите партиски колеги од Општина Центар”, пишува Јакимовски за скандалот во општина Центар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This