Jaкимовски – He можат да ми пpocтат што ги пoбeдив: Пocтојано се зakaнуваат со затвop, тие мене со kaмења, а јас нив со леб

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако денеска се одложи судското рочиште против градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тој се обрати на Фејсбук и истакна дека откако решил да се кандидира за градоначалник на Карпош постојано му се закануваат со затвор.

-Почитувани пријатели, повеќе од две години сум по судските врати и никогаш немало медиумска заинтересираност. Денешното рочиште беше медиумски однапред најавувано и пред судот и внатре ме чекаа 15-тина камери.

Јасно дека се организирани од еден центар. Па нели вака правеше режимот?

Очекувам и наративот во извештаите да биде со иста или слична содржина.

Јасно е дека некој не може да се помири со поразот на локалните избори. Откако одлучив да се кандидирам на 16 февруари 2013 година до денес ми претат со затвор и постојано се обидуваат да ја остварат својата цел. Нема проблем ние ќе одиме по затвори, ако треба и да умреме, да молчиме, само тие да не работат, да уживаат, да седат по кафани и да си земаат тоа што мислат дека е нивно.

Е сега повторно сме им криви и јас и народот.

Јасно ми е како ден, секој ден ќе ме плукаат, ќе ме навредуваат, ќе ме прогонуваат како што правеа од 2013 до 2017 година, ќе држат пресови и протести пред вратите на општината и пак ќе бидам црн ѓавол, а јас им пружив рака и јавно им пратив покана за соработка.
Нека тие мене со камења а јас нив со леб!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This