February 7, 2023, 8:40 am

Ja зaгyби битkaтa co Koвид-19: Пoчинa лeгeндapниoт југословенски пejaч кoj имaшe бpojни хитoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендата на југословенската поп-музика, Ѓорѓе Марјановиќ, почина на 89-годишна возраст. Познатиот пејач бил приклучен на респиратор и лекарите се бореле за неговиот живот изминатите денови, јавуваат медиумите во регионот.

Ѓорѓе Марјановиќ е познат југословенски пејач, најпопуларен во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години на минатиот век во СФР Југославија и според многумина најголемата свезда на југословенската поп музика.

Роден е во Кучево. Средно училиште завршил во Пожаревац, по што студирал фармација во Белград. Откако ги запоставил студиите, заработувал пари истоварувајќи вагони на железничката станица, дистрибуирајќи млеко и весници, работи како инкасатор во Радио Белград и глумел во филмот „Сите на море“ а играл и во југословенскиот драмски театар.

Првпат пеел на аудицијата на поп-пејачи организирана од Здружението на џез музичари на Србија, а во наредниот период пеел и на игранки и забави во градот.

Пресвртницата се случила во 1958 година во Ниш. Душко Раданчевиќ, раководителот на мал белградски оркестар што ги придружувал пејачите и актерите, го поканил да пее на паузата помеѓу настапите на пејачи на забавна и народна музика. Ѓорѓе отпеал четири песни. Публиката реагирала фантастично, барајќи бис.

Ѓорѓе Марјановиќ имаше голем број на хитови, а беше добитник и на голем број награди.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This