дома Македонија JAHEBA БРОЕЛА СНОПЧИЊА: Снимена со снопче од по 500 евра

JAHEBA БРОЕЛА СНОПЧИЊА: Снимена со снопче од по 500 евра

Фотографија снимена во стан во Скопје на која се гледа снопче со пари, од по 500 евра на маса спроти која седи обвинетата Катица Јанева, денеска беше прикажана како доказен материјал при вештачењето од телефонот на Боки.

Обвинителката Ивана Трајчева покажа и други фотографии од Јанева снимени во истиот стан во Скопје, а и снимка на која се гледа снопчето со пари. На снопчето пишувало Тутунска банка.

„Што ќе одлучат – ќе видиме“ – вели Јанева на снимката.