дома Локално Jyнaк сѐ yштe нe ce нaoѓa – Пpoпaднa и втopиoт тeндep за...

Jyнaк сѐ yштe нe ce нaoѓa – Пpoпaднa и втopиoт тeндep за ypивaњe на дивoгpaдбaтa кај ТЦ „Мавpoвкa“

И на вториот тендер распишан од Општина Чаир за уривање на дивоградби не се јави ниту една фирма. На тендерот кој траеше до вчера не стигнала ниту една понуда, па Комисијата за јавни набавки во Општината го поништила тендерот и со тоа пак не е избрана фирма која треба да ја отстрани дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“.

В понеделник со одделението за јавни набавки на Општината ќе имаме состанок за да видиме како според Законот за јавни набавки да постапиме, за да можеме да избереме фирма за уривање, а да не ни се случуваат и во иднина неуспешни тендери, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Општина Чаир.