дома Македонија KАНЧЕСКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО?: Не е дел од...

KАНЧЕСКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈО?: Не е дел од трговијата со гласови која се случуваше во Собранието

Во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа вклучување имаше и пратеничката Елизабета Канческа Милеска која истакна дека како и досега така и во иднина сите реформски закони важни за иднината на државата треба да се носат со конзензус помеѓу власта и опозицијата, мислејќи на новиот Законот за обвинителство. Таа посочи дека ниту учествувала во преговорите за Законот за јавно обвинителство нит пак доставила предлози во однос на законот.

-Да јас пратив соопштение бидејќи вчера во вечерните часови имаше соопштение од страна на независната пратеничка група каде што беа дадени одредени забелешки во насока на преговорите кои што ги воделе за Законот за Јавно обинителство така да испратив едно соопштение од моја страна во интерес и на јавноста дека не сум учествувала во преговорите за Законот за обвинителство, ниту пак сум доставила било какви предлози во однос на овој закон, вели Канчевска

Канческа не е дел од трговијата која во моментов се случува во Собранието истакна новинарот Горан Момировски.