дома Македонија Kлacтep Гpaдиште, дoceга 15 млaди лица зaбoлeни од кopoнавиpycoт

Kлacтep Гpaдиште, дoceга 15 млaди лица зaбoлeни од кopoнавиpycoт

Бројот на заразени како последица на лудите журки по охридските плажи се искачи на 15, потврдуваат за Канал 5 од Центарот за јавно здравје.

Оттаму велат дека од околу педесетина нови случаи во изминатите два дена, 15 информирале дека биле во Охрид.

Се работи за тинејџери и млади лица на околу 20 години. Засега сите се со лесна клиничка слика, со ниска температура, главоболки, а некои имаат и пролив.

Здравствените власти велат дека има и млади лица кои се заразени откако биле и во другите туристички центри низ земјава, како Дојран Струга и Преспа.