дома Актуелно KАДЕ СТЕ НВО ПЛАТЕНИЦИ НА СДСМ И СОРОС: Куманово повторно најзагадено во...

KАДЕ СТЕ НВО ПЛАТЕНИЦИ НА СДСМ И СОРОС: Куманово повторно најзагадено во Европа

Загадувањето во Куманово продолжува да расте. Од 284 mg/m3 со честички ПМ10 утрово, загадувањето порасна на цели 328 mg/m3 ПМ 10 честички во 11 часот.

Со овие бројки, Куманово денеска повторно е најзагаден град во Македонија и во Европа. За жал, Куманово во моментов има 50 % поголема загаденост на воздухот од било кој град во Македонија.

Во предизборната кампања СДСМ ветуваа мерки за намалување на загаденоста, а во Куманово каде што раководи СДСМ со години не се преземани никакви мерки.

Никаде ги нема НВО платениците на СДСМ и Сорос да протестираат пред општина Куманово. Очигледно, за НВО платениците на СДСМ и Сорос воопшто не е важно здравјето на 110.000 жители на општина Куманово, како најголема општина во Република Македонија.

Дополнително, во вода паѓаат сите приказни за таканаречената “гасификација” на Куманово и Струмица. Додека градоначалникот Зоран Дамјановски никаде го нема, Оливер Спасовски не се јавува, Зоран Заев одмора во хациендата во Грција, кумановци го дишат најзагадениот воздух во Европа.

Овие неславни европски рекорди во загадувањето на Куманово зборуваат и за неуспешноста на таканаречената „гасификација“ што ја најавуваа СДСМ и Заев. Свој дел во одговорноста за загадувањето на Куманово има и Оливер Спасовски кој долги години беше секретар на општина Куманово.