KИЛОГРАМ ОД ОВИЕ ПИПЕРКИ ЧИHАТ 23.000 ЕBРА: Ја има само во луkcу3ни ресторани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низ светот постојат различни сорти на пиперки но една посебно се издвојува. Станува збор за пиперката „Чарапита“ која потекнува од северниот дел на Перу. За да успее потребна е тропска клима и затоа многумина кои пробале да ја посадат не им успеала.

Се карактеризира со минијатурен изглед и интензивен лут вкус. „Лута е и цената од 23.000 евра за еден килограм па затоа може да се најде на менито на најлуксузните ресторани.

Дали сте знаеле дека всушност зелените пиперки едноставно уште не се доволно зрели, поточно тие се берат пред целосно да созреат, така што од времето кога се одлгедуваат па се додека да стигнат до полиците на супермаркетите и тезгите е значително пократко, па токму поради тоа и се најевтините пиперки кои се продаваат.

Жолтата, портокаловата и црвените пиперкa треба да се берат по созревање и поради тоа им е потребно повеќе внимание. Како резултат на тоа, oсвен поубав и посладок вкус, имаат и повисока цена.

Зелените пиперки се берат први и затоа се со оваа боја, но и малку се горки.

Тие немаат некои хранливи вредности кои ги имаат пиперките кои веќе се зрели, но поради својата зелена боја се богати со хлорофил, калиум и витамини А и Ц.

Со други зборови, зелената, жолтата, портокаловата и црвената пиперка доаѓаат од иста билка, но едноставно се на различно ниво на зрелост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This