April 19, 2024, 10:38 pm

Kлиничкaтa бoлницa вo Битола ги живee нajтeшкитe дeнoви oд пoчeтoкoт нa пaндeмиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфективното одделение во Клиничаката болница во Битола кое е Регионален ковид центар ги живее најтешките денови од почетокот на пандемијата. Градот во кој долго време бројот на заболени се држеше под контрола, сега бележи загрижувачки бројки на позитивни, хоспитализирани, но и на починати лица.

Денеска битката со корнавирусот ја изгубија четворица битолачни, а вчера, во еден ден починаа дури седум лица. Вкупниот број на починати во Битола се искачи на 47, а речиси половината се во последните две недели. Инфектолозите од битолската болница кои се на првата борбена линија со вирус, велат дека клиничката слика кај пациентите се менува од минута во минута, па некогаш се немоѓни било што да направат.

-ЈАС СУМ СО 37 ГОДИШЕН СТАЖ КАКО ИНФЕКТОЛОГ. ВАКВА СОСОТОЈБА ВО МОЈАТА ПРОФЕСИОНАЛНА КАРИЕРА НЕ СЕ СЛУЧИЛА. ТОЛКУ МНОГУ ТЕШКИ ПАЦИЕНТИ, ТОЛКУ МНОГУ СМРТНИ СЛУЧАИ ДОСЕГА НЕ СМЕ ИМАЛЕ. ВЧЕРА ГО ИМАВМЕ НАЈЦРНИТО ДЕН НА НАШЕТО ОДДЕЛЕНИЕ КОЕ Е СО ДОЛГОГОДИШНА ТРАДИЦИЈА. ВЧЕРА НИ ПОЧИНАА, ЗА ЖАЛ 7 ПОАЦИЕНТИ, КОВИД ПОЗИТИВНИ, ВЕЛИ Д-Р ЕЛИ ДИМИТРОВСКА, ИНФЕКТОЛОГ НА ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО КЛИНИЧКА БОЛНИЦА-БИТОЛА.

Во Битола има над 600 активни слуачи. Во Регионалниот ковид центар вкупно се хоспитализирани 78 пациенти, поголемиот дел во тешка сосотојба. Во изминатиот период дневно се примале и по 13 пациенти од целиот регион. Недостигот на персонал се решава по принципот на ротација на медицинскиот кадар од останатите одделениеја во Клиничакта болница. Капацитетот со болнички кревети за КОВИД пациенти се проширува во неколку наврати, а од следната недела во функција за овие болни ќе биде ставен уште еден оддел. Исто така веќе е готов проектот за модуларна болница во Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This