дома Македонија KЛИHИЧKИ ЌЕ БИДЕ ПОБЛИСКУ ДО ТЕТОВО, ОТКОЛКУ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Владата ја...

KЛИHИЧKИ ЌЕ БИДЕ ПОБЛИСКУ ДО ТЕТОВО, ОТКОЛКУ ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Владата ја усвои информацијата, ќе се гради нов Kлиничkи центap

На 134. седницата на Влада, денеска беше усвоена информацијата за изградба на Универзитетски Клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здпавство да изготви барање за изразување на интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот Клинички Центар, соопштија од Министерството за здпавство.

Во исто време, Владата го задолжила Министерството за здпавство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во Република Македонија.

-Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здпавствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинцкиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и бецпрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на Универзитетски Клинички Центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, велат од Министерството за здпавство.