дома Македонија KAТИЦА НА ОТЧЕТ:Денеска ќе се разгледува Извештајот на СЈО

KAТИЦА НА ОТЧЕТ:Денеска ќе се разгледува Извештајот на СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска на комисија ќе го презентира годишниот извештај за работата на Специјалното обвинителство.


Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во понеделникот се одложи, пред Јанева да го претстави извештајот, поради координацијата на политичките партии, по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата не беа присутни претставниците од државните комисии за да ги образложат извештаите за нивното работење во текот на 2017 година, а притоа за нивното отсуство не го известиле ниту Собранието. Претседателот на комисијата тогаш го закажа продолжението, на кое ќе се расправа за извештајот на СЈО, за денеска во 12 часот.