дома Балкан Kaзнитe за неносење маска се неосновани: пpeсече Врховниот суд на Словенија

Kaзнитe за неносење маска се неосновани: пpeсече Врховниот суд на Словенија

Врховниот суд на Словенија одлучи дека изрекувањето прекршочна казна за лицата кои не носат маска за лице во затворени јавни простории за време на епидемијата на Ковид -19, нема правна основа.
Одлуката објавена денеска се однесува на правна жалба против конечната одлука на локалниот суд да издаде предупредување на лице за помала повреда според Законот за заразни болести.
Врховниот суд оценуваше дали е можно неносење маска за лице во затворени јавни простории да се признае како прекршок, земајќи ги предвид основните принципи на кривичното право.
Одлуката на судот не беше донесена едногласно, а судијката Барбара Зобец даде посебно мислење, во кое се наведува дека пресудата е погрешна порака до сите дека можат да ги симнат и да ги фрлат маските за лице, пренесува Танјуг за агенцијата СТА.