дома Хроника Kaзнeти 173 возачии на територијата на Тетово и Гостивар

Kaзнeти 173 возачии на територијата на Тетово и Гостивар

Денеска (24.05.) на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 173 возачи, од кои 91 на територија на Тетово и 82 на територија на Гостивар.

92 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 16 за дури над 70 километри на час над дозволената.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Инаку, на овие патишта денес имаше зголемена фреквенција на возила, од туристи кои продолжениот викенд го поминаа во Охрид.