дома Свет Kaков идиoтизam – Ле Пен во невepyвање: Илeгaлен мигpaнт јa зaпaли катедралата...

Kaков идиoтизam – Ле Пен во невepyвање: Илeгaлен мигpaнт јa зaпaли катедралата во Нант, не го депopтиpaлe, сега до cmpт пpeтепа свештеник

Францускиот министер за внатрешни работи Џерард Дарманин итно го посети Нант каде се случи убиството. Според францурските медиуми, полицијата во овој момент не смета дека атентатот е терористички напад.

Според кажувањата на властите, католичкиот свештеник Оливие Меир (60) е убиен во Мортан-сур-Севр во западна Франција.

Осомничениот, бегалец од Руанда, по име Емануел Абајисенга е истиот човек кој претходно беше обвинет за палење на Нантската катедрала, и се предаде на полицијата и го призна делото пренесуваат францускиот медиум.

Дејли Мејл, повикувајќи се на свои извори, објави дека докази, 60-годишниот свештеник бил претепан до смрт.

Министерот за внатрешни работи Дарманин се осврна на убиството, ветувајќи целосна поддршка за ожалостените католици и посета на местото на инцидентот.

Во исто време, тој жестоко се судри со француската политичарка Марин Ле Пен, која претходно упати остри критики до министерот и владата во целина, затоа што дозволи да се случи такво злосторство.

“Во Франција, можете да бидете илегален имигрант, да ја запалите катедралата во Нант, никогаш да не бидете протерани и да повторите злосторството со убиство на свештеник. Она што се случува во нашата земја е од невидено: тоа е целосен морален банкрот на државата и [ Министер за внатрешни работи] Дарманин“, пишува Ле Пен во свој Твит.

Министерот, сепак, истакна дека осомничениот „не бил депортиран и покрај неговата наредба за депортација додека не се заврши судскиот процес“.

Во 2020 година, Абајисенга беше притворен за подметнување пожар и беше под судски надзор. Според француските власти, тој бил одбиен за азил уште во 2019 година и требало да ја напушти земјата, но тој останал во Франција. Во тоа време, тој призна дека одлуката да се запали катедралата е одмазда за одбивањето на неговото барање за азил од страна на француските власти.