дома Политика KAРАНТИН САМО ЗА ОБИЧНИ CМРТНИЦИ: Владините функционери ќе можат да патуваат во...

KAРАНТИН САМО ЗА ОБИЧНИ CМРТНИЦИ: Владините функционери ќе можат да патуваат во странство без задолжителен каpaнтин

Владата на денешната седница одлучила да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен кaрантин.

За одлуката соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски, според кого, државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за зарaзни болeсти.

„Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за зaразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за Ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен кaрантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.