дома Македонија Kaрл Билд: Зaпaден Балкaн можe да забopaви на ЕУ

Kaрл Билд: Зaпaден Балкaн можe да забopaви на ЕУ

Карл Билд предупредува од опасноста за проширувањето на ЕУ која би можела да се појави од блокирањето на почетокот на пристапни преговори со Македонија.

На својот Твитер профил, поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, напиша:

– Се уште постои бугарско вето за почеток на пристапни преговори со Македонија доколку не добијат решавање на некои историски прашања како што тие посакуваат. Доколку ова стане норма, можеме сите да заборавиме на било какво пристапување на балканска земја во наредните генерации.