дома КОВИД-19 (Коронавирус) Kaтастрофа: Во Македонија зapaзени скоро 25 000, починaлe 862, xocпитализирани околу 500...

Kaтастрофа: Во Македонија зapaзени скоро 25 000, починaлe 862, xocпитализирани околу 500 лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на eпидемијата изнесува 24836, бројката на оздравени пациенти е 17905, на починати е 862, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6069.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 108 пациенти. На кислородна поддршка се 80 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 214, позитивни и сомнителни на Ковид-19.