December 6, 2022, 5:29 pm

Kapдинaл вo САД e oбвинeт зa ceкcyaлeн нaпaд вpз мaлoлeтник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот кардинал Теодор Мекарик е обвинет за сексуално злоставување тинејџери во државата Масачусетс, што се случило во 1974 година, пишува Би -Би -Си.

Ова е првпат против него да биде поднесено обвинение на суд, откако пред три години во медиумите стигнале обвинувања за долгорочна злоупотреба.

Мекарик (91) е обвинет за три сексуални напади врз тогаш 16-годишно момче, со што станал првиот кардинал во САД обвинет за сексуален напад врз малолетник.

Во текстот на обвинението се наведува дека сите три напади се случиле на 8 јуни 1974 година, во пресрет на венчавката на братот на младиот човек. Мекарик бил близок со неговото семејство и отишол на патувања со нив, одржувајќи крштевки, свадби и погреби.

Мекарик му пришол на младиот човек на барање на таткото на момчето, бидејќи 16-годишното момче било отсутно од Маса и се однесувало несоодветно. Поранешниот кардинал тогаш му рекол: „Мораме да излеземе да разговараме“, по што сексуално го нападнал.

Младиот човек, сега 64-годишник, им рекол на властите дека знаел што ќе се случи, но не сакал „да прави сцени на венчавката на неговиот брат и да уништи се, бидејќи во тоа време тој имал голема почит кон неговата мајка, татко и брат, повеќе отколку кон себе самиот“, стои во обвинителниот акт.

Се очекува Мекарик да се појави на суд на 26 август за да одговори на обвиненијата, и ако се покажат како точни, тој може да добие пет години затвор за сите три напади.

Титулата кардинал на Мекарик му била укината во 2018 година, а папата Франциск го отпуштил од свештенството во февруари 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This