дома Македонија Kapaкачанов со нова пpoвокација: Meдиумите нe тpeба да пpeведуваат изjaви на луѓе...

Kapaкачанов со нова пpoвокација: Meдиумите нe тpeба да пpeведуваат изjaви на луѓе од Maкедонија, тоа е бугapcки jaзик

Во писмото испратено од партијата до сите електронски медиуми во Бугарија може да се прочита дека „интервјуата на луѓето од С Македонија не треба да се преведуваат на бугарски јазик“, пренесува весникот „24 часа“.

Политичката напртија на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, бара од бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик.

Во писмото испратено од партијата до сите електронски медиуми во Бугарија може да се прочита дека „интервјуата на луѓето од С Македонија не треба да се преведуваат на бугарски јазик“, пренесува весникот „24 часа“.

„Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на С Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“, се вели во писмото.