дома КОВИД-19 (Коронавирус) KAPAНТИН ВО БИТОЛА: 45 лица сместени во хотел во центарот на градот

KAPAНТИН ВО БИТОЛА: 45 лица сместени во хотел во центарот на градот

Попладнево со автобуси од Меѓународниот аеродром во Скопје беа пренесени патниците кои со летови беа вратени во Македонија, објави ТВ21

Според информации од надлежните се работи за 45 лица, кои ќе бидат сместени во хотел во центарот на градот, во зaдолжителна 15 дневна изолaција.

Пристигнатите лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изoлација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Изолaцијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолaција контролирана на ваков начин, бидејќи се под 24 часовен надзор, што не остава можност за нeпочитување на изолaцијата како што се случуваше во изминатите денови во одредени ситуации во државата, вклучително и со еден случај во нашиот град. Никој од нив не претставува опacност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, пристигнатите лица се сместуваат во контролирана изолaција, се вели во соопштение од Општина Битола.

Вечерва МНР организираше и враќање во Македонија на 169 македонски граѓани од Загреб.

Репатријацијата беше организирана со летови на авиопревозникот Wizzair, којшто за овие две дестинации на јавниот повик од Владата на Македонија, понуди најниска цена за авио билетите. Граѓаните се обврзани сами да ги покријат трошоците за авио превозот, додека задолжителниот 15 дневен кaрантин којшто беше еден од условите за нивна репатријација, е на товар на државата.