дома Социјални Мрежи KATACТРОФА НА СДСМ И ПЕТРОВСКА ИЗРАЗЕНА ВО БРОЈКИ: Нajлoшите бројки во поновата...

KATACТРОФА НА СДСМ И ПЕТРОВСКА ИЗРАЗЕНА ВО БРОЈКИ: Нajлoшите бројки во поновата историја на Битола

РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ЗА 2019 И ИЗВЕШТАЈ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ВО ТРЕТ КВАРТАЛ – КАТАСТРОФАТА НА СДСМ И ПЕТРОВСКА ИЗРАЗЕНА ВО БРОЈКИ

Почитувани битолчани,
Ви ги претставувам најлошите бројки во поновата историја на Битола. Битола нема градоначалник. Битола ја предводат лицемери кои ги изманипулираа гласачите дека проблемите кои ги имаме со нашето здравје, а доаѓаат од загадувањето на животната средина ќе бидат минато. После две години на Петровска околу 260 ученици од околните населени места и општини се без обезбеден превоз.

– Остварени приходи од продажба на земјиште само 10%

– Битола е во темница, а имаме намалување на ставката за јавно осветлување. Од 10 мил.ден. е намалена на 3 мил.ден., а за девет месеци реализирале само 1.28%.

– Кај изградбата на улици имаме зголемување обидувајќи се да направат предизборна манипулација и од 26 мил.ден. се зголемува на 61 мил.ден., а за девет месеци реализирале 32% или 8.6 мил. ден.

– Реконструкција на улици и локални патишта имаме намалување од 65 мил.ден. на 39 мил.ден., а за девет месеци реализирале 19% или 12 мил. ден.

– Изградба на атмосферска и фекална канализација имаме намалување од 43 мил.ден. на 29 мил.ден., а за девет месеци реализирале само 12% или 5.2 мил ден.

А, борбата која ја водат против загадувањето е проследена со многу фотографирање и без ниту еден конкретен чекор на темата. #Оставка, пишува на Фејсбук Иванчо Тошевски претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Битола.