дома КОВИД-19 (Коронавирус) KATACTPOФAЛHИ УCЛОBИ ВО ГРУПНИОТ KAPAHTИH: Луѓето сместени во Криволак со снимка од...

KATACTPOФAЛHИ УCЛОBИ ВО ГРУПНИОТ KAPAHTИH: Луѓето сместени во Криволак со снимка од групниот kapaнтин, се жaлaт на kaтacтpoфaлни услови

Девет лица, членови на музички оркестар кои вечерва беа сместени во групниот карантин во Криволак на социјалните мрежи споделија снимка од условите во кои тие се сместени, жалејќи се дека таму каде што се, и да не се болни од корона, ќе се заболат со некоја друга болест

Како што може да се види и од снимките кои ги објавија на социјалните мрежи, војничките бараки во кои се сместени на воениот полигон Криволак немаат минимум хигиенски и санитетски услови, а на подот можат да се видат и инсекти.

Еден од членовите на оркестарот се жали дека подобро би било тие да се во домашен карантин отколку да живеат во вакви услови.