дома Занимливости Koстадин Костадинов ја запpocи својата девојка Марија

Koстадин Костадинов ја запpocи својата девојка Марија

Портпаролот и пратеник Костадин Костадинов ја запроси својата девојка Марија и радосната вест ја сподели на Фејсбук, постирајќи фотографија од раката на својата свршеничка на која блеска златен прстен.

-Животот ми овозможи да те запознаам, Бог пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе.Нека љубовта трае до последниот атом. Затоа што си моја, затоа што те сакам. Од овде до небото и назад“ , напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Објавата на Костадинов собра многу честитки на ФБ, а пред верената двојка останува одлуката како и кога овој среќен момент ќе го одбележат со оглед на тоа што рестриктивните мерки поради пандемијата се уште се на сила.